Ушаков: Путин одбива да контактира со Ердоган

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин одби да контактира со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган бидејќи Анкара не сака да се извини за соборувањето на руски воен авион, изјави денеска помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.

– Гледаме дека Турција едноставно не сака да се извини за инцидентот со авионот, изјави Ушаков.

Тој вели дека Кремљ добиле барање од Анкара во врска со можен состанок на двајцата лидери на Конференцијата за климатски промени која на 30 ноември ќе се одржи во Париз.