Убиени најмалку 50 лица во Авганистан

Од:

Во напад на бунтовниците во село во северниот дел на Авганистан денеска загинаа најмалку 50 лица, меѓу кои и жени и деца.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Сарипол изјави дека напаѓачите, меѓу кои биле странски екстремисти запалиле 30 куќи во селото.

-Луѓето се убиени на брутален начин. Покрај цивилите, убиени се и седум војници и неколку бунтовници – потцрта портпаролот Забихула Амани.

Во нападот учествувала група талибанци и борци на Исламската држава, иако талибанците го негираат учеството.