Убиен е министерот за разузнавање на Иран, потврди претседателот Пезешкијан

Од:

Претседателот на Иран – Масуд Пезешкијан, денес потврди дека министерот за разузнавање на земјата, Есмаил Катиб, е убиен, како што претходно објави Израел.

„Кукавичкото убиство на моите драги колеги Есмаил Катиб, Али Лариџани, Азиз Насирзаде, заедно со некои од нивните членови на семејството и тимот за поддршка ни ги скрши срцата“, напиша Пезешкијан во објава на мрежата X.

Споменати беа и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран и министерот за одбрана, кои исто така беа убиени во израелските напади претходниот ден, а за кои Иран претходно потврди дека се мртви, објавува британскиот Гардијан на својот портал.

Иранскиот претседател Пезешкијан изјави дека убиството на Катиб е „неправедно убиство“.

Порано денес, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Катиб е убиен во воздушен напад во текот на ноќта.

Кац рече дека тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху „го поедноставиле процесот на таргетирање на иранското раководство“.

„Ги овластив вооружените сили да го неутрализираат секој висок ирански функционер штом ќе се појави можност“, рече Кац.

САД воведоа санкции врз Катиб во 2022 година за наводни сајбер активности насочени против САД и нивните сојузници.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Соборен е авион, четири члена се мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Претседателот на Иран објави прекин на огнот по 12 дена

А1он

Млад израелски војник е убиен во ирански напад

А1он

Итен состанок со Путин; иранскиот министер за надворешни работи оди во Москва

Израел уби командант на Кудс силите во Иран

А1он