Тројца судии од Венецуела побараа заштита во амбасадата на Чиле во Каракас

Од:

Двајца судии именувани од Парламентот на Венецуела во Врховниот суд побараа заштита во Амбасадата на Чиле во Каракас, изјави шефот на чилеанската дипломатија Ералдо Муњос.

„Беатрис Руис Марин и Хосе Нуњес Сифонтес се гости на Амбасадата и ако сакаат ќе добијат азил, напиша Муњос на Твитер.

Уште еден венецуелски судија во саботата побара азил во Амбасадата на Чиле.

Тројцата судии се дел од групата 33 врховни судии, кои положија заклетва на 21 јули пред Парламентот, во кој опозицијата е мнозинство.