Норвешката полиција соопшти дека денеска загинале три лица при уривање на мал авион регистриран во Германија, кој се урнал во планините во централниот дел на Норвешка.
Авионот се урнал при лоши временски услови – магла и дожд.
Остатоците од авионот од типот „Цесна 12“ пронајдени се во ненаселено место во близина на градот Бјунга, северно од Трондхајм.