Токио за првпат ќе има жена за градоначалник

Од:

За првпат жена е избрана за градоначалник на Токио. На изборите Јурико Коике доби поддршка за 4-годишен мандат.

Таа доби поддршка од 2,9 милиони избирачи.

Коике има 64 години и во кариерата била министер за животна средина, а потоа и за одбрана. Била и телевизиски новинар.

Главната задача сега и е следење како јапонскиот главен град се подготвува за ОИ во 2020 година.

Таа нагласи дека ќе работи за единствено Токио во кое секој ќе може да блесне, во кое животот на сите ќе се подобри.

Мандатот на Коике ќе заврши пред отворањето на ОИ во 2020 година. Изборите се одржаа откако досегашниот градоначалник Јоичи Масудзое призна дека користел лично средства од политички фондови.