Тереза Меј во следните недели ќе ја претстави статегијата за Брегзит

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј денеска изјави дека во следните неколку недели ќе ја претстави својата стратегија за излез на земјата од Европската Унија, и ги негираше тврдењата за нејасностии во пристапот кон Брегзит, пренесоа светските агенции.

Во своето прво интервју во оваа година, Меј не им посвети доволно внимание на засилените повици на водечките претставници на бизниз заедницата, пратениците и опозициските лидери да даде повеќе детали за својата стратегија за напуштање на ЕУ и едноставно вети дека ќе го постигне најдобиот можен договор.

Таа повтори дека во одлучувачкото прашање во дебатата за ЕУ – дали ограничувањето на имиграцијата во Велика Британија ќе биде кренато како приоритет над преференцијалниот пристап до единствениот пазар на заедницата – не станувало збор за избор меѓу едната или другата можност и дека Велика Британија нема да задржи „парче членство“.

Меј навести дека Велика Британија веројатно ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ за стоки и услуги.

Според неа, слободното движење ќе запре, затоа што Велика Британија гласаше да има контрола врз своите граници.

Меј исто така кажа дека сака да постигне „амбициозен договор“, отфрлајќи го тврдењето на поранешниот британски амбасадор во ЕУ, Ајван Роџерс за нејаснотии во пристапот на владата кон преговорите за Брегзит.

-Нашето мислење за прашањето воопшто не е смушено, изјави таа за телевизијата „Скај њуз“.

„Тоа за што зборувам е постигнување правилни односи на Велика Британија со ЕУ“, рече Меј.