Техеран: САД бараат начин да се извлечат од војната и да го сочуваат достoинството

Од:

САД бараат начин да „извлечат“ од војната, а воедно „да го зачуваат своето достоинство“, изјави во вторник портпарол на иранското Министерство за одбрана, во момент кога се очекува продолжување на иранско-американските мировни преговори со посредство на Пакистан.

– Нашата воена моќ сега е доминантна сила, а непријателот бара начин да го спаси своето достоинство и да излезе од мочуриштето на војната во кое е потонат, изјави портпарол на министерството, цитиран од новинската агенција ИСНА.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи од синоќа е во Исламабад на средба со пакистански претставници, а во текот на денов се очекува да пристигнат и специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Иран засега одбива директна средба со американските претставници.

Би можело да ве интересира

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

Трамп со остри закани за Иран: Нека се однесуваат како што треба, ќе ја уништам цела нација

А1он

Багеи: САД ја започнаа војната, а сега светот ја плаќа сметката

А1он