Соборен воен хеликоптер во сириската провинција Хама

Од:

Бунтовнички сили собориле воен хеликоптер во северниот дел на сириската провинција Хама, во близина на селото Кафр Набуда, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Организацијата со седиште во Лондон, која се повикува на мрежа активисти и борци на терен, не објави дали хеликоптерот е сириски или руски и каква е судбината на екипажот.