Сменетиот украински министер Галушченко уапсен додека се обидувал да избега од земјата

Од:

Поранешниот украински министер за енергетика Герман Галушченко, кој беше разрешен поради сомнение за корупција, е уапсен додека се обидувал да ја напушти земјата, соопштија денес антикорупциските власти во Киев. Истрагите за случај на поткуп од големи размери се во тек, објавија Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) на своите канали на Телеграм.

Во ноември, украинските антикорупциски истражители поднесоа обвиненија против група наводно корумпирани владини функционери во рамките на внатрешниот круг на претседателот Володимир Зеленски. Тие наводно проневериле пари од државната компанија Ернергоатом, која првично требало да гради структури околу енергетските објекти за да ги заштити од непријателски воздушни напади.

Галушченко беше принуден да поднесе оставка од функцијата министер за енергетика поради обвиненијата. Тимур Миндич, близок сојузник на претседателот Зеленски, претходно успеа да избега. Потоа претседателот ја реконструираше владата и го разреши својот влијателен шеф на кабинетот, Андриј Јермак.