Силен земјотрес покрај брегот на Папуа Нова Гвинеја, постои опасност од цунами

Од:

Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтерова скала го погоди денеска подрачјето во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, а Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека е можна појава на високи бранови во широката зона.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал во област 157 километри источно од Рабаул, соопшти Американскиот геолошки завод.