Силен земјотрес ја погоди Словачка, многу луѓе истрчаа од своите домови

Од:

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), вечерва во Словачка е регистриран земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот, според информациите на EMSC, бил на 56 километри од словачкиот град Кошице, каде живеат 236.000 луѓе и на 20 километри од Хумен, каде живеат 35.300 луѓе.

Според сведоштвата на граѓани во Словачка, земјотресот бил силен и траел 10-15 секунди.

„Првиот земјотрес во животот, страшен звук и многу се исплашив. Колената почнаа да ми попуштаат и да се тресат…Многу од моите соседи излегоа од своите куќи“, е еден од коментарите на преплашените луѓе по земјотресот.

Друг додава дека во моментот на земјотресот бил во кревет и дека многу се тресело, додавајќи дека за среќа ништо во станот не било скршено.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.