Силен земјотрес го погоди јапонскиот остров Хокаидо

Од:

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денес го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на 84 километри од градот Куширо, на длабочина од 10 километри.

Нема веднаш пријавени жртви или штети.