Кина очекува страните во украинскиот конфликт што е можно поскоро да најдат пат кон праведен и одржлив мировен договор, изјави претседателот Си Џинпинг за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија кинеските медиуми.
Си изрази надеж дека „сите страни во конфликтот во Украина континуирано ќе ги намалуваат своите разлики“, нагласувајќи ја потребата од постигнување „праведен, траен и обврзувачки мировен договор што ќе ги реши корените на кризата“.
Кинескиот лидер повтори дека Пекинг ги поддржува сите иницијативи што водат кон деескалација и политичко решение на конфликтот.
Разговорот меѓу двајцата претседатели, како што објавија медиумите, ја вклучи и ситуацијата во Украина како една од клучните теми.
