Шпанските социјалисти бараат поддршката за уривање на Владата

Од:

Шпанските социјалисти се обидуваат да ги убедат помалите партии во Парламентот на Шпанија, да го поддржат нивниот предлог за изгласување недоверба на конзервативната Влада на премиерот Маријано Рахој.

Лидерот на социјалистите Педро Санчез вети дека ако падне Кабинетот на Рахој и ако тој формира нова Влада ќе го задржи неодамна донесениот национален буџет, кој вклучува значителни поволности за баскиските националисти и вети дека ќе започне дијалог со сепаратистите од новата каталонска влада.

Гласовите на националистите од Баскија и Каталонија ќе и бидат доволни на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) да ја урне Владата на Рахој.

Санчез го повика премиерот Рахој да поднесе оставка откако неговата владејачка Народна партија минатата недела беше казнета поради корупциска афера. Лидерот на ПСОЕ пред Парламентот изјави дека пресудата фрла сомнеж врз тврдењата на Рахој дека тој и другите партиски кидери не знаеле за двојното сметководство Народната партија.

Ако националистите на утрешноот гласање ја поддржат иницијативата на социјалистите за изгласување недоверба на Влада на Рахој, Санчез веќе следната недела би можел да стане премиер и да формира Кабинет со задача да организира предвремени избори до крајот на годината.