Кувајтските власти после шест дена, од притвор го пуштија членот на кралското семејство Шеик Мешал. Беше притворен поради тоа што на твитер ја обвини власта за корупција и бараше политички реформи.
Кувајт е една од државите во Персискиот залив со полиберални ставови, но главата на владеачкото семејство, емирот Шеик Сабах ал-Ахмад Ал-Сабах во политичките прашања има главен збор.
Пратениците и новинарите често ја напаѓаат владата и влијателни членови на владеачкото семејство, но забрането е да се критикува емирот .