Шансите за мир во Украина се поголеми по инаугурацијата на Трамп, тврди Сијарто

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека шансите за постигнување мировен договор во Украина ќе бидат поголеми откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД. Укажувајќи дека неговата администрација може да донесе позитивни промени.

Сијарто во интервју за Риа Новости нагласи дека по инаугурацијата на Трамп се очекува поголема можност за постигнување мир.

„Кога претседателот Трамп ќе ја преземе функцијата, мислам дека шансите за постигнување мировен договор ќе бидат поголеми од кога било“, рече Сијарто, додавајќи дека прашање е дали демократската администрација во САД и провоените западни политичари ќе преземат нешто пред 20 јануари кога е инаугурацијата, што може да го искомплицира, па дури и да го спречи брзиот напредок во мировниот процес.

Сијарто предупреди на сериозен ризик од ескалација на конфликтот, нагласувајќи дека по претседателските избори во САД биле донесени одлуки со „потенцијално дестабилизирачки последици“, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто: Брисел наскоро би можел да се најде изолиран на светската политичка сцена

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Сијарто: Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот

А1он

Сијарто: На состанокот меѓу Трамп и Зеленски беше јасно кој е за мир, а кој за војна

А1он

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство