Се запали уште еден облакодер во Дубаи

Од:

Пожар избувна во уште една висококатница во марината во Дубаи, само два дена откако избувна пожар во една од највисоките згради во светот во истата област.

Според очевидци, пожарникарите го изгасиле пожарот во внатрешноста на кулата Тигар. Чад се појавил на горните катови на зградата, а луѓето биле евакуирани, пренесе АП. Никој не е повреден.

Пожарот почнал кога се запалила облека оставена на балкон на 53-тиот кат од кулата.

Во петокот утрото избувна пожар во една од највисоките згради во Дубаи, кој за среќа беше изгаснат.