Се судрија воз и автобус во Бангкок – осуммина загинати

Од:

Осум лица загинаа денес во Бангкок во судир помеѓу товарен воз, градски автобус, неколку автомобили и мотоцикли, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во прометна тесна улица во близина на железничката станица, што води кон аеродромот во централниот дел на тајландската престолнина.

По судирот, автобусот и неколку автомобили се запалиле, а видеата на социјалните мрежи покажуваат дека по судирот, возот турнал неколку возила по пругата.

Службите за итни случаи на градот објавија дека најмалку осум лица загинале, дека повеќе од 20 се повредени и дека сè уште бараат жртви во изгорените остатоци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страв на врвот на облакодер: Чистач на прозорци го преживеа разорниот земјотрес

Катерина Ѓуровски