САД и Иран со нови напади во Заливот, прекинот на огнот на нов тест

Од:

Американската војска објави дека соборила четири ирански беспилотни летала за еднократен напад, лансиран кон Ормутскиот теснец, наведувајќи дека тие претставуваат „непосредна закана за регионалниот поморски сообраќај“, објавува Би-Би-Си.

Потоа американските сили извршија напади врз иранските крајбрежни радарски станици во Горук и островот Кешм за да спречат понатамошни напади, објави Централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.

Според иранската државна агенција ИРИБ, Иран одговори со испукување балистички ракети врз две американски воздухопловни бази во Кувајт, како и врз објектите на американската морнарица во Бахреин.

ЦЕНТКОМ објави дека првичните проценки покажуваат дека од седумте ирански ракети испукани кон двете земји од Заливот, шест биле пресретнати, додека една не ја достигнала целта.

Последната размена на напади се случи неколку дена откако САД и Иран веќе извршија меѓусебни напади, зголемувајќи го притисокот врз кревкото прекин на огнот меѓу двете земји.

Едно лице е убиено, а повеќе од 60 се повредени во ирански напад со беспилотно летало врз меѓународниот аеродром во Кувајт во средаta, соопштија локалните власти.

Иранската револуционерна гарда ја негираше одговорноста за нападот врз аеродромот, тврдејќи дека штетата е предизвикана од дефект во американскиот систем за пресретнување ракети.

ЦЕНТКОМ ги отфрли ваквите тврдења како лажни, велејќи дека Иран го погодил аеродромот во „намерен, пресметан и неоправдан напад“.

Револуционерната гарда претходно изјави дека ги таргетирала американските бази во Заливот како одговор на американските напади врз иранскиот танкер за нафта и островот Кешм.

Нападите се случија во време кога преговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран дојдоа во ќорсокак, без напредок кон договор за прекин на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран

А1он

Претседателот на Иран: Излегување од состојба „од војна во мир“ не претставува капитулација

А1он

Иранскиот шеф за безбедност: Нападнавме воени бази, сега би можеле да нападнеме и компании

А1он

Иран: Америка не го разбира јазикот на дипломатијата

А1он

Трамп со порака до Иран: Она што го искористивме досега беше занемарливо – предајте се!

А1он