САД и Британија заедно ќе се борат против тероризмот

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон го осуди убиството на американскиот новинар Сотлоф и порача дека Лондон ќе ги зајакне дипломатските напори со цел светските сили да не отстапат од договорот за неплаќање откупнина за заложниците.

-Велика Британија и Америка ќе останат при таа политика, но мораме да ги зголемиме напорите за да обезбедиме и другите држави да го одржат ветувањето -рече тој, пренесе „Ројтерс“.

Камерон претходно претседаваше на итниот состанок на владата, по повод видео записот, од егзекуцијата на вториот заробен американски новинар и заканата дека иста судбина го чека и британскиот заложник, кој што на интернет го објави Исламска држава.

david-cameron1-1024x576

-Ќе останеме непоколебливи во намерата да го победиме тероризмот- порача британскиот премиер.

Инаку шефот на британската дипломатија Филип Хамонд по состанокот изјави дека Лондон не ја исклучува можноста од воздушни напади за ослободување на заложникот.

-Ве уверувам дека ги разгледуваме сите можни опции, со цел да го заштитиме тоа лице -рече Хамонд.

На снимката на која се гледа отсекување на главата на американскиот новинар Стивен Сотлоф, маскираниот екстремист предупредува дека поради американските воздушни напади врз екстремистите во северен Ирак, ќе биде убиен и Британецот Дејвид Кауторн Хејнс.

Триесет и едногодишниот Сотлоф на снимката со мирен глас вели дека е жртва на одлуката на американскиот претседател Барак Обама, да ги засили воздушните напади против џихадистите во Ирак.

Screenshot_3

Велика Британија до сега не учестуваше во американските воздушни напади на исламските џихадисти, но помага во вооружување на курдските борци во северен Ирак и со авиони доставува помош на опколените лица на планината Синџар и во градот Емерли.

Е. Г.