САД апелираат на воздржаност по немирите во Багдад

Од:

САД новите немири во Багдад ги оцени како „вознемирувачки“ и ги повикаа Ирачаните да се воздржат од насилство, при што загинаа најмалку осум лица.

– Извештаите за денешните немири во Ирак се вознемирувачки … Ги повикуваме инволвираните да останат смирени, да се воздржат од ова насилство и да продолжат со мирни патишта за решавање политички спорови, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Осум поддржувачи на ирачкиот свештеник Моктада ал Садр се убиени, а 85 други се повредени во денешните судирите што избија во утврдената Зелена зона во Багдад.

Ирачката армија воведе полициски час низ целата земја од 19 часот по локално време.

Извор: МИА