Руте: Веројатно претстои најтешката зима за Украина од почетокот на руската агресија

Од:

Веројатно претстои најтешката зима за Украина откако Русија ја нападна во 2022 година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на прес-конференција со премиерот на Црна Гора, Милојко Спаиќ, во седиштето на Алијансата во Брисел.

Загрижени сме од состојбата на бојното поле. Русија напредува, иако постепено – рече Руте.

– Во последните недели сме сведоци на силни руски напади врз украинската инфраструктура, а жртви се и цивили. Украина итно има потреба од нашата помош. Треба да ги исполниме одлуките донесени претходно оваа година во таа насока – додаде тој.

Инаку, Руте ја опиша стабилноста на Западен Балкан како „кревка“.

Тој ја нагласи загриженоста поради зголемените кибернапади, дезинформации и политички мешања од страна на Русија.

– Русија сака да посее страв и да ја ослаби нашата поддршка за Украина, но нема да успее, потенцираше Руте.

Би можело да ве интересира

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Руте: Земете ги работите во свои раце, нема да ви треба висок претставник

А1он

Шефот на НАТО: Трамп покажа посветеност на НАТО

Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп

А1он

Руте: Европа мора да излезе со конкретни планови за Украина