Руската армија распоредила повеќе од 50 авиони и хеликоптери во Сирија

Од:

Руската армија распореди повеќе од 50 авиони и хеликоптери, како и падобрански и единици на специјалните сили во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Ова е првпат Москва официјално да го соопшти обемот на воениот ангажман во Сирија, во сириското пристаниште Тартус, каде руската војска располага со логистичка инсталација, а посебно на аеродромот Латакија, каде се наоѓа воената база.

Руското воено воздухопловство вчера ги изврши првите напади во Сирија. Според тврдењата на Москва, вториот бран бомбардирања е извршен синоќа.