Русите осудија Колумбиец на 19 години затвор – се бореше за Украина

Од:

Суд во окупираниот украински регион Донецк го осуди колумбискиот државјанин Оскар Маурисио Бланко Лопез на 19 години затвор за борба на страната на украинската армија, соопшти руското обвинителство.

Москва досега зароби неколку странски борци во источна Украина и им суди како платеници, негирајќи им го статусот на воени заробеници заштитени со Женевската конвенција.

Според обвинителството, 42-годишниот Лопез пристигна во Украина во мај 2024 година за да се приклучи на украинската армија.

Руските сили го заробија овој месец. Судот објави и видео на кое се гледа како Лопез стои зад решетки додека се чита пресудата.

Минатата недела истиот суд осуди и британски државјанин на 13 години затвор, исто така по обвинение за борба за Украина.

Би можело да ве интересира

Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало во Русија

А1он

Сибиха: Нереално е да се заврши оваа војна без Трамп

А1он

(ВИДЕО) Руски гувернер: Двајца мртви, петмина повредени во украински напад врз Белгород

А1он

Русите фрлија бомба врз Славјанск, убија мајка и ќерка

А1он

По четири години конечно слободни – украински затвореници се вратија дома

А1он

Преговорите меѓу Украина и Русија во Абу Даби завршија без договор

А1он