Русите ја нападнаа Одеса со дронови, избувнаа големи пожари

Од:

Три лица се повредени во напад на руски дрон врз Одеса, соопштија денеска официјални лица.

Олех Кипер, началникот на регионот Одеса, изјави дека во градот нема струја, што укажува на тоа дека енергетската инфраструктура можеби е оштетена.

Нападот предизвика големи пожари. „Цивилна инфраструктура, комерцијални објекти гори, автомобили се оштетени“, рече Кипер.

Повеќе од 70 луѓе и 20 противпожарни возила учествуваа во гаснењето, како што итните служби го нарекоа „екстензивни пожари“.

Реагирајќи на нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека заедничкиот притисок врз Русија, зајакнувањето на санкциите и одбранбената поддршка за Украина е начин да се запре „теророт и руското одолговлекување на војната“.

„Очекуваме вистински притисок од САД, Европа и сите наши партнери врз Русија“, рече Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа ќе овозможи функционирање на дипломатијата.

Нападот се случи непосредно пред чешкиот претседател Петер Павел да ја посети Одеса утринава и да одржи состаноци со градските лидери и официјални лица од другите јужни региони.

Во меѓувреме, Русија ја обвини Украина за минирање на гасна централа во областа Курск, каде што упаднаа украинските сили, што е прекршување на договорот за прекин на огнот. Украина ги негира обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Руски дрон уби Украинец за време на велигденското примирје

А1он

Најмалку четири жртви во нападот на Одеса, Зеленски: Чист тероризам против цивили

А1он

Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало во Русија

А1он

Сибиха: Нереално е да се заврши оваа војна без Трамп

А1он

(ВИДЕО) Руски гувернер: Двајца мртви, петмина повредени во украински напад врз Белгород

А1он

Русите фрлија бомба врз Славјанск, убија мајка и ќерка

А1он