Русија e исклучително задоволна од развојот на односите со Турција

Од:

Русија е исклучително задоволна од развојот на односите со Турција, изјави денеска претседателот на Русија Владимир Путин при средба со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во Москва, јави ТАСС.

– Што се однесува до нашите билатерални контакти, во највисок степен сме задоволни од нив, од развојот на нашите меѓудржавни односи, рече Путин.

Путин истакна дека Турција е во пресрет на парламентарни избори. – Посакавме успех на вашата партија, рече рускиот претседател.

Што се однесува до трговско-економските односи Путин истакна дека Русија останува вториот по големина трговско-економски партнер на Турција. – Нашите трговско-економски односи продолжува да се развиваат, рече Путин.