Рекорден број жртви на противпешадиски мини во последните 10 години

Од:

Конфликтите на Блискиот Исток и во Украина, минатата година доведоа до најголем број на жртви на противпешадиски мини во последните десет години, соопшти денеска Меѓународната кампања за забрана на противпешадиски мини.

Здружението на невладини организации лани регистрирало 6.461 случај на загинати или повредени од противпешадиски мини и неексплодирани бомби, што е за 75 отсто повеќе во однос на 2014 година.

Зголемениот број на жртвите се должи главно на конфликтите во Либија, Сирија, Ирак, Јемен и Украина. Повеќе од една третина од жртвите се деца.

Сирија, Мјанмар и Северна Кореја се единствените земји кои го употребувале ова оружје во последните 12 месеци, се додава во извештајот на организацијата. Тие три држави не го потпишаа Договорот за забрана на противпешадиски мини.

Во истиот период, бунтовнички и радикални групи поставиле мини во најмалку десет земји и тоа во Колумбија, Нигерија, Авганистан, Пакистан и Мјанмар, кои им се придружуваат на Либија, Сирија, Ирак, Јемен и Украина.