Најмалку четворица убиени и 12 повредени е епилогот по пукотница што се случи во градот Лиланд, во американската држава Мисисипи, објавија денес официјални лица.
Градоначалникот на Лиланд, Џон Ли, изјави за CBS News дека пукањето се случило околу полноќ, а четворица повредени лица се префрлени со хеликоптер во локалните болници.
Засега нема информации за нивната здравствена состојба.
Ниеден осомничен не е во притвор, а истрагата е во тек.
Ли рече дека пукањето се случило на главната улица додека луѓето биле во градот за натпреварот за враќање на поранешните ученици од средното училиште Лиланд.
