Пукање во парк во Арканзас – двајца мртви и деветмина повредени

Од:

Две лица загинаа, а девет се ранети во пукање во парк во американската држава Арканзас, соопштија денеска локалните власти.

Пукањето се случило во парк во градот Конвеј, на околу 43 километри северно од Литл Рок, објавија тамошните медиуми.

Полицијата соопшти дека деветмина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.

Портпаролот на полицијата одби да даде детали за инцидентот, вклучително и дали имаат осомничен или што довело до пукањето.

Би можело да ве интересира

Бизарна смрт на забава – застрелан низ подот, директно во глава

А1он