Пронајдени телата на двајцата тинејџери осомничени за три убиства во Канада

Од:

По три недели потрага полицијата во Британска Колумбија, во Канада, ги пронајде телата на тинејџерите Кам Меклеод (19) и Брајан Шмегелски (18). Двајцата тинејџери беа осомничени дека се сторители на тројното убиство, на еден универзитетски професор и двајца млади туристи, и интензивно трагаше по нив.
Полицијата не го откри начинот на кој момчињата од Порт Алберни го загубиле животот, наведувајќи дека се чека резултатот од аутопсијата со кој прво треба да се потврди нивниот идентитет и причината за смртта, пренесуваат британските медиуми.

Шмегелски и Меклеод, споед сомненијата на полицијата, брутално ги убиле австралијанката Џина Диз (24) и нејзиниот партнер, американскиот државјанин, Лукас Фаулер( 23), кои го шетале светот откако својата љубовна приказна ја почнале на јадранскиот брег, наведува „јутарњи лист“.

Младата двојка патувала со автомобил, а нивните изрешетани тела биле пронајдени веднаш до автомобилот на автопат во Британска Колумбија. Четири дена подоцна полицијата на околу 500 километри подалеку, кај Диз Лејк, го пронајде спаленото тело на Канаѓанецот Ленард Дајк (64), а два километра појужно беа најдени и остатоци од запалениот караван, што им припаѓал на тинејџерите.