Прогласувањето на Тони Блер за филантроп на годината предизвика бес на интернет

Од:

Тони Блер поранешен британски премиер и еден од главните „архитекти“ за бомбардирањето на Србија во 1999 година и сојузничката окупација врз Ирак 2003, избран е за Филантроп на годината.

Објавата на „титулата“ за актуелниот претсавник на меѓународната заедница за Блискиот Исток, кој на терен е оквалификуван како целосно бескорисен, предизвика и бран незадоволство на интернет.

Во образложението се наведува дека наградата му се дава поради основањето три хуманитарни организации: Спортска фондација Тони Блер, Фондација за вера, и Африкански управни иницијативи, што се занимава со инвестиции на тој континент.

Свеченоста ја приреди машкиот магазин „GQ“. Доделувањето беше во Кралската опера во лондонски Ковент гарден каде на свеченоста Ким Кардашијан беше прогласена за Жена на годината.

Наградата на Блер предизвика гнев и потсмев меѓу корисниците на социјални мрежи меѓу кои и на англиска фудбалска ѕвезда Гари Линекер.

– Блер доби награда од „GQ“ за филантроп на годината. Конечно, овие награди треба да ги разбереме како иронија, напиша на Твитер Линекер.

Високиот палестински официјален претатвник во 2012 година изјави дека Блер на Блискиот исток е „бескорисен, бескорисен, бескорисен“ додекавјќи дека неговата ангажираност не води никаде.