Преживеал масовно стрелање: Со часови лежев меѓу стотици лешеви

Од:

Дваесет и тригодишниот Алија, преправајќи се дека е мртов ирачки војник го преживеал масовното стрелање кое во јуни, по заземање на Тикрит го извршија џихадисти од Иламската држава.

Според неговите зборови тој на 12-ти јуни бил заробен заедно со илјадници други војници, кои се подготувале да побегнат од воена база. Во моментот кога милитантите со огнено оружје започнале да ги ликвидираат еден по еден, тој паднал на тлото пред да биде застрелан и со часови лежел помеѓу мртвите тела.

Кога се стемнило побегнал од местото и по некое време стапил во контакт со невладината организација „Хјуман Рајтс Воч“. Како што наведуваат од огранизацијата околу 1.700 војници во јуни им се предале на џихадистите во текот на заземањето на Тикрит, а според нивните податоци убиени се 560 до 770 од нив.

Е. Г.