Православните христијани ширум светот го одбележуваат Божик

Од:

Православните христијани ширум светот го одбележуваат Божик со литургии и молитви, а во Русија шефот на државата Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев присуствуваа на утринската литургија.

Црковната служба во Храмот на Исус Христос Спасителот во Москва ја вршел рускиот патријарх Кирил, а на литургијата присуствувал Медведев со својата сопруга Светлана. Рускиот претседател останал доследен на својата традиција на одбележување на овој празник во помалите цркви, присуствувајќи на литургијата во црквата Отрадоное во близина на градот Вороњеж, околу 600 километри јужно од Москва.

Патријархот Кирил за време на литургијата се помолил за мир, особено во Украина. Тој истакна дека „без разлика на местото каде што живеат нејзините деца, на нивното политичко определување“, Руската православна црква прави се што е потребно за да ги сплоти луѓето заедно со цел да ги надминат последиците од конфликтот.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас присуствувал рано изутринава на литургија во Црквата на Христовото раѓање, која се наоѓа во Витлеем, на Западниот Брег. Коптските христијани го одбележуваат православниот Божик со бројни литургии, а на една од нив присуствувал и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во придружба на коптскиот поглавар Тавадрос Втори.

Патријархот на Српската православна црква Иринеј во божикната порака повика на мир, простување и љубов, а на косовските Срби им порача да останат таму да живеат.

Православните христијани го слават Божик на 7 јануари според стариот, Јулијански календар, кој пред 500 години во Европа е главно целосно заменет со Грегоријанскиот календар.