Пожар на ферибот со 335 патници во Балтичкото Море

Од:

Ферибот на кој се наоѓаат 335 патници и членови на екипажот, гори во водите на Балтичкото Море, соопшти литванската армија.

Фериботот испратил сигнал за опасност околу 12.45 часот по средноевропско време, а литванската војска веднаш испрати хеликоптер на местото на несреќата, додека други два хеликоптера се ставени во состојба на готовност.

Според спасувачки служби на Литванија и Русија, кои учествуваат во спасувачката операција, пожарот кој избувнал на фериботот „Реџина Сивејс“ е изгаснат.

Сите патници биле собрани на едно место и не настанала паника.

За укажување помош веднаш се упатиле осум руски и литвански бродови.

Претставник на данскиот оператор на фериботот „ДФДС“ ги демантира информациите дека избувнал пожар, а како причина за несреќата навел технички проблем. Тој додаде дека бродот ќе биде вратен до литванското пристаниште Клајпеда.

Фериботот патувал од Клајпеда кон германскиот град Кил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров