Поранешниот премиер на Австралија се назначил самиот на неколку министерски позиции

Од:

Сознанијата дека поранешниот австралиски премиер се назначил себеси на неколку министерски позиции поради пандемијата со Ковид-19, предизвикаа политички скандал, а неговиот наследник вети брза истрага за случајот.

Актуелниот премиер Ентони Албанезе го обвини поранешниот премиер Скот Морисон за лоши политички потези откако се дозна дека поранешниот премиер се назначил себеси на позиции, вклучително и министер за здравство, финансии и ресурси, без да ги информира колегите, парламентот или гласачите.

Велејќи дека потезите на Морисон се „без преседан“, Албанезе во понеделникот додаде дека побарал правна помош и очекува повеќе информации во текот на денот. „Тоа се политички потези на кои би се смееле доколку се случуваат во недемократска држава“, рече Албанезе. „Скот Морисон ја водеше владата од сенка“.

Во некои случаи, Морисон се назначил себеси за министер без да ги информира членовите на кабинетот што претходно ги назначил на истите позиции. Скандалот фрли светлина врз нетранспарентноста на одлучувањето во австралиската влада и го постави прашањето дали се потребни построги мерки за зачувување на демократијата.

Сè уште не е познато каква позиција зазел Морисон, но локалните медиуми објавија дека тој го презел управувањето со ресурсите и ја искористил својата моќ за да го запре големиот проект за гас во близина на брегот на Сиднеј. Конзервативците на Морисон ја загубија власта на изборите во мај, ставајќи крај на речиси една деценија владеење на десниот центар во земјата.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Австралија тајно раководeл со пет министерства: Управував со бродот среде бура

А1он