Поранешен обвинител за особени големи дела на Генералното обвинителство Игор Степанов побара од обвинители да почнат судски процес против Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин. Тој планира да постигне правна оценка за масовните егзекуции и апсења извршени по заповед потипшана од лидерот на СССР.
Експерти го нагласуваат значење на таков процес и осуда за советските репресии. Степанов поднел барање за процес за репресиите извршени по заповед на Сталин до Генералното обвинителство и Истражниот комитет на Русија.
Тој се повикува на заповед на НКВД (Народен комесаријат за внатрешни работи) број 00447 од 30 јули 1937 година.
За операција за репресирање на поранешни кулаци (богати селани), криминалци и други антисоветски елементи“.
Во документот се дадени конкретни цифри – да се стрелаат 82,7 илјади луѓе и уште 193,4 илјади да се приведат во логори. Заповедта е потпишана од членот на Политбирото и секретар на ЦК ВКП – Јосиф Сталин.
На тој начин, објаснува Степанов, Сталин треба да се смета за „органзиатор на масовни убиства, геноцид на православни свештеници и други граѓани“.
Репресирани се и роднини на Степанов – околу 20 луѓе најмногу од нив свештеници.
– Истражниот комитет на Русија го испратил барањето в Москва од каде е препратено во Ивановската Област, изјави Степанов за Комерсант.
Истражители од Ивановското обвинителство не сакале да го прифатат барањето и да почнат процесирање со појаснување. Степанов обжалил, но заменик обвинителот Евгениј Романовски не констатирал нарушувања. Степанов го обжалува и тоа во Уставнитот син на Руската федерација кои во одлука од 25 јуни оваа година наведуваат дека е незаконски да се отфрли барањето без процесуална проверка.
Тој вели дека е подготвен да оди до Европскиот суд за правда бидејќи негова цел не е само судски процес туку официјална правна оценка.
Во Русија има над 100 споменици на Сталин.
Судски процес против Сталин и други советски раководители е почнат во 2009 година во Украина за масовниот глад во 1932-1933 година.