Полицискиот час во Кашмир ќе биде олеснет од утре

Од:

Ограничувањата за слобода на движење во индискиот дел на Кашмир ќе бидат олеснети од утре, по Денот на независноста, изјави државниот гувернер. Сепак, телефонските линии и интернетот ќе останат прекинати.

Сатја Пал Малик изјави денеска за „Тајмс оф Индија“ дека комуникациите ќе останат блокирани.

„Не сакаме тој инструмент да му го дадеме на непријателот се додека не се смират работите“, изјави Малик за весникот.

„За една недела или 10 дена, се ќе биде добро и постепено ќе отвориме линии на комуникација“, нагласи тој.

Поради стравувања од немири, Индија ја прекина телекомуникацијата и наметна полициски час во делот на Кашмир што го контролира од 4 август, еден ден пред претседателскиот декрет со кој му се одзема специјалниот статус на регионот населен со мнозинство муслимани.