Европската унија соопшти дека 23 града сакаат да бидат домаќини на медицинските и банкарските агенции чии седишта се наоѓаат во Велика Британија, а ќе мораат да ја напуштат, пред земјата да ја напушти Унијата во 2019 година.
Осум градови ја посакуваат кај себе Европската банкарска управа, а меѓу нив се Париз и Франкфурт. Истовремено 19 градови меѓу кои Амстердам, Атина, Барселона, Копенхаген, Даблин и Виена се надеваат дека ќе станат седиште на Европската агенција за лекови.
Одлуката ќе ја донесат членките на ЕУ во ноември, со тајно гласање.