Петмина повредени во тепачка на аеродром во Истанбул

Од:

Петмина се повредени во тепачка на аеродромот во Истанбул. Инцидентот настанал меѓу вработените во двајца ривалски автобуски превозници.

Во тепачката која се случила синоќа на меѓународниот аеродром „Сабиха Гокчен“ учествувале околу 40 лица, кои имале ножеви.

Расправијата настанала поради меѓусебно обвинувања дека ги крадат муштериите.

Среќа, обезбедувањето на аеродромот ги раздвоило двете групи.

Петмина од учесниците во тепачката се здобиле со повреди од нож, а неколкумина се приведени.