Пенс демантира дека планира да го замени Трамп

Од:

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс демантираше дека размислува за кандидатура за претседателските избори во 2020 година.

– Наводите во текстот се лажни и претставуваат само обид на медиумите да ја поделат актуелната администрација, наведе Пенс во соопштение. Написот во Њујорк тајмс го нарече „лажен, срамотен и навредлив“.

Њујорк тајмс објави дека одреден број функционери на Републиканците се групираат во „кампања во сенка“ за изборите во 2020 година и тоа без знаење на претседателот Трамп. Во текстот се додава дека партиските советници им сугерирале на донаторите на Републиканската партија дека Пенс планира да се кандидира ако тоа не го направи Трамп.