Патници останале еден час заклучени во авион во американската сојузна држава Роуд Ајленд поради недостиг на цариници.
Туристите на летот од Шкотска биле заклучени во авионот по слетувањето на аеродромот во Роуд Ајленд, бидејќи немало слободни цариници за да ги пречекаат.
На патниците од компанијата Norwegian Air не им било дозволено да го напуштат авионот со додека не дојде некој од царинските службеници.
Портпаролот на компанијата Андрес Линдстром изјави дека дошло до недоразбирање меѓу персоналот. Тој им се извини на патниците поради непријатноста.