Партијата на Салвини предлага изгласување недоверба на владата

Од:

Италијанската владејачка партија Лига соопшти денеска дека ќе испрати предлог до Сенатот за изгласување недоверба на Владата и се надева дека земјата наскоро ќе излезе на избори.

– Оние кои губат време и причинуваат штета на земјата, наведува Лига во своето соопштение.

Десничарската партија на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини го известила вчера премиерот Џузепе Конте дека коалицијата на неговата партија со антисистемското Движење пет ѕвезди на Луиџи ди Мајо се распаднала и неопходно е колку е можно побрзо одлуката да ја донесат избирачите.

Парламентот на Италија моментно е на летна пауза, па од претседателот на Сенатот зависи дали ќе свика седница.

Шефот на италијанската држава Серџо Матарела е единствениот кој има ингеренции да го распушти Парламентот и да распише избори