Парче хартија најдено кај заробен севернокорејски војник, пишува дека треба да се самоубијат ако се во безизлезна ситуација

Од:

Почина ранетиот севернокорејски војник заробен од украинските сили во руската област Курск, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на тамошните разузнавачки агенции.

Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник откако Пјонгјанг распореди свои воени сили за да им помогне на руските воени напори против Украина.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја објави дека потврдила преку „сојузничката разузнавачка агенција“ дека војникот починал од „сериозни повреди“, напиша Јонхап, а пренесе Би-би-си.

Според извештаите од Киев и Сеул, Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници да и помогнат на Русија, но Москва и Пјонгјанг ниту го потврдиле ниту го негирале нивното присуство на фронтот.

Сепак, се чини дека севернокорејските војници, вклучувајќи го и починатиот затвореник, не смееле да паднат живи во рацете на Украинците.

Украинските војници, според информациите објавени на X, кои не се независно потврдени, пронашле белешка кај паднатиот севернокорејски војник што се чини дека сугерира дека севернокорејските војници кои се борат заедно со Русите добиле инструкции да извршат самоубиство доколку се во безизлезна ситуација или им се заканува апсење.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Русија и САД допрва треба да се договорат како да започнат преговорите за Украина

А1он

Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

А1он

Се подготвува голема офанзива, Русија и Украина ги концентрираат трупите

А1он

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Руси брутално нападнаа украински град, има 13 мртви

А1он

Украинската армија нападна складиште за нафта во рускиот град Енгелс

А1он

Жестоки битки за градот Покровск во источна Украина

А1он