Новиот претседател на Парагвај, Хорасио Картес, претседателската плата во следните пет години ја подарува на парохијата Сан Рафаел, која ја финансира клиниката за пацинти во терминален стадиум и за болни деца во Асунсион.
Картес, еден од најбогатите луѓе во државата, на должност стапи во четвртокот, а уште во предизборната кампања вети дека ќе ја донира претседателската плата од 10.000 долари месечно.
Тој објави војна на сиромаштијата. Во Парагвај 39 проценти од населението е сиромашно, а 19 отсто живее во мизерија.