Папата се уште е во критична состојба, има проблем и со бубрезите

Од:

Папата Франциск и понатаму е во критична состојба, но немал никакви „понатамошни респираторни кризи“, соопштија денесна од Ватикан, откако вчера беше објавено дека 88-годишниот поглавар на Католичката црква е во критична состојба по еднонеделната хоспитализација поради инфекција на белите дробови.

Ватикан претходно објави дека саботата „поминала тивко“ и дека „папата се одморил“, како што го цитира Асошиејтед прес, велејќи и дека Франциск бил свесен и дека се уште се прават тестови.

Френциск сè уште е на дополнителен кислород и тестовите покажаа „почетна, блага“ бубрежна инсуфициенција, соопшти Ватикан, пренесува АП, но лекарите велат дека ситуацијата е под контрола и дека папата е буден и „добро ориентиран“.

„Прогнозата на папата останува резервирана“, велат од Ватикан, цитиран од АП, не давајќи предвидувања за потенцијалното закрепнување на Франциск со оглед на „комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање за терапии со лекови да дадат одредена повратна информација“.

Папата, исто така, доби трансфузија на крв, откако тестовите покажаа состојба поврзана со анемија, објави АП, а лекарите очекуваат тој да остане во болница и следната недела.

Ватикан ја објави изјавата на папата во која понтифот укажа на претстојната трета годишнина од војната во Украина и се заблагодари на јавноста за пораките за поддршка за неговиот престој во болница, барајќи од луѓето „да се молат за мене“.

„Со самодоверба ја продолжувам хоспитализацијата во болницата „Гемели“, продолжувајќи со потребниот третман; а и одморот е дел од терапијата!“ рече папата Франциск, пренесе Ватикан.

„Искрено им благодарам на лекарите и здравствените работници од оваа болница за вниманието што ми го покажуваат и посветеноста со која ја вршат својата услуга меѓу болните“ рече тој.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата, средба со Радев не е остваренa

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Финансиски колапс на Светата столица: Ватикан должи околу 4,8 милијарди евра

Папата Франциск: Смртта на мигрантите е неприфатлива и речиси секогаш може да се избегне

Тајно снимен разговор меѓу папата Франциск и кардинал, објавен транскрипт

Горан Наумовски

Папата Франциск го распушти раководството на добротворната организација Каритас