Палестинците незадоволни од извештајот на ОН за кршење на детските права

Од:

Членот на Извршниот одбор на Палестинската организација за ослободување и министер за социјален развој, Ахмед Маџдалани изрази незадоволство од извештајот на генералниот секретар на ОН за државите кои ги кршат детските права.

– Веројатно генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не слушнал ништо за тоа колку израелската окупациска влада секојдневно ги крши правата на палестинските деца, истакна Маџдалани, прашувајќи се како е можно Израел да е исклучен од извештајот, иако убива и затвора палестински деца.

Тој додаде дека седницата на Советот за безбедност на ОН, на која се расправа за детските права во оружените судири ќе остане црна дамка во историјата на СБ, бидејќи со своите резолуции го уништува сонот на палестинските деца.

– Што е потребно за да се стави Израел на списокот на срамот? Дали треба уште повеќе непочитување, убиства и злоставување на палестинските деца?, прашува министерот.

Маџдалани побара од Гутереш да „има на ум дека она што им се случува на Палестинците е резултат на воената окупација, а израелските пракси, посебно опсадата на Појасот Газа, претставуваат колективна казна“