Во експлозија на бомба во воз во централен Пакистан загина едно две иполгодишно дете, додека 13 лица се повредени.
Според „Франс прес“, бомбата била поставена во тоалет во еден вагон во возот, кој сообраќал помеѓу Лахоре и Карачиј, а до експлозија дошло во близина на градот Тоба Те Синг, во провинцијата Пенџаб.
Министерот на железницата на Пакистан, Саад Рафик оцени дека се работи за терористички акт.
Утврдено е дека експлозијата била предизвикана од аматерски изработена направа и дека нејзиниот интензитет не бил голем, бидејќи вагонот не излегол од шините, туку само му го оштетила кровот. Никој се уште не ја презеде одговорноста за експлозијата.
Елена Георгиевска