Откриен е американскиот план од 22 точки за мир во Украина

Од:

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, изјави дека Вашингтон подготвил мировен план од 22 точки за решавање на руско-украинската војна и откри што подразбира првата точка. Тој во објава на мрежата „Х“ посочи дека се работи за „сеопфатно примирје“.

Според него, во Истанбул американскиот државен секретар Марко Рубио „јасно ставил до знаење“ дека тоа е „силен мировен план“.

„Како резултат на состаноците во Лондон, ние (САД) развивме сеопфатен план од 22 точки што е основа за мир. Првата точка е сеопфатен прекин на огнот што веднаш ќе го запре убиството“ – напиша Келог.

Средбата на руската и украинската делегација во Истанбул на 15 мај беше првиот директен разговор меѓу Москва и Киев по прекинот на преговорите во 2022 година, а иницијативата за таа средба ја покрена рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај.

Путин предложи директните преговори, кои беа прекинати пред три години, да се започнат без предуслови и побара од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да биде домаќин.

На преговорите во Истанбул се приклучи и американската делегација. Меѓутоа, Путин не се појави во Истанбул, туку испрати делегација, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во Анкара.

Би можело да ве интересира

Кој е Рустем Умеров, човекот што Зеленски го праќа да преговара со Русите?

А1он

Експлозии одекнуваат низ Киев, главниот град нападнат со дронови – ништо од примирјето

А1он

Русите ја нападнаа Одеса со дронови, избувнаа големи пожари

А1он

Буданов: На Русија и треба пауза во војната

А1он

Ушаков: Русија и САД допрва треба да се договорат како да започнат преговорите за Украина

А1он