ОН предупредува на можни воени злосторства во Нагорно Карабах

Од:

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска ги осуди тековните „неселективни“ напади врз цивилни области за време на борбите во спорниот регион Нагорно Карабах, предупредувајќи ги Ерменија и Азербејџан дека ваквите напади можат да се сметаат за воени злосторства.

„Нападите, извршени со кршење на принципот на разграничување или на правопропорционалност можат да бидат воени злосторства и страните во конфликтот се должни да ги испитаат ваквите прекршувања ефикасно, експедитивно, темелно и непристрасно и да ги гонат оние за кои се тврди дека ги извршиле“, се вели во соопштението на Мишел Бачелет.

И покрај договорот постигнат во Женева минатиот петок, Ерменија и Азербејџан да се воздржат од намерно таргетирање цивили, за време на викендот беа пријавени артилериски напади врз населени места, рече Мишел Бачелет, посочувајќи ги нападите на централниот пазар во Степанакерт и градот Татар.

Таа бара двете страни да запрат со напади врз цивили, болници и училишта.